| четврток, 6 декември 2018 |

Си го убиле 2-годишното дете зошто силно плачело

Несреќното момче во болница подлегнало на повредите и покрај тврдењата од страна на неговата мајка и очув дека „момчето паднало на бетонска плоча во предниот дел на куќата”.

Семир Велаѓиќ (26) од Горна Слапница го убил својот двегодишен син Ајнур на 7 ноември оваа година. Детали за ова ужасно злосторство кое ги шокираше граѓаните протече во јавноста само три дена по неговото апсење.

Лекарите од почетокот се сомневале во повредите и повикале полиција, која ги уапсила мајката и очувот на детето.

По тежина на доказите и голем притисок на полицијата , Велаѓиќ го признал делото и бил задржан во притвор, додека мајката била ослободена.

Во неговата изјава, како причина за убиството кажал дека бебето премногу плачело, а тој неможел да го поднесе тоа, па го убил.

Семир Велаѓиќ е познат на полицијата и од претходно која бил пријавуван за семејно насилство од неговата поранешна сопруга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top