
Авион на компанијата „Ер Азија“ со 159 патници и членови на екипажот ја утнал пистата и се заглавил во кал на меѓународниот аеродром во централниот дел на Филипините. Нема извештај за повредени, пренесе агенцијата „АП“.
Членовите на екипажот ги активирале тобоганите за итна евакуација на патници од авионот од типот „ербас А320-200“, по инцидентот на пистата.
Аеродромот ќе остане затворен додека авионот не биде извлечен од кал. Се проценува дека авионот претрпел одредена штета.
Тропската бура ги покрена свлечиштата и поплавите во јужните централни делови на Филипините. Досега загинаа најмалку 31 лице, а седумина исчезнаа, соопштија официјалните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


