| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистите од Исламската држава објавија интервју со заробениот пилот

553856_pilot-sirija02apfoto-ap_fЕкстремистичката Исламска држава, во месечниот магазин на англиски јазик, објави интервју со јорданскиот пилот, кој беше заробен минатата недела откако неговиот авион се урна на северот на Сирија.

Пилотот Муад ал-Касасбех, според магазинот на екстремистите „Дабик“, рекол дека неговиот Ф-16 во средата бил соборен од ракета во близина на градот Рака, кој ИСИС го смета за своја престолнина.

Поручникот од прва класа на јорданските воздухопловни сили Касасбех (26) навел дека се катапултирал и завршил во реката Еуфран, каде што го заробиле борците на ИСИС.

САД претходно демантираа дека ИСИС соборила јордански авион. Јордан, пак, соопшти дека вложуваат максимални напори да го спасат пилотот. Тоа е прв загубен авион на коалицијата откако почнаа воздушните напади против ИСИС во Сирија и прво заробување на пилот, кој учествувал во таа мисија.

Во истото издание на магазинот ИСИС се пофали со неодамнешниот напад во кафуле во Сиднеј. Австралиската полиција упадна на 15 декември во кафулето во кое радикалниот исламисти Ман Харун Монис повеќе од 16 часа држеше 17 заложници. Киднаперот и двајца заложници беа убиени, а четворица беа потешко повредени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top