Украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев го потпиша Законот за укинување на вонблоковскиот статус Украина, најавувајќи истовремено дека ориентациски за пет до шест година во земјата може да се организира референдум за стапување во Северноатлантскиот сојуз (НАТО).
– Планирам да ја реформирам земјата. Да ја реформирам на тој начин што ќе им одговара на стандардите на Европската унија и стандардите на Северноатлантскиот пакт (НАТО). Можам да кажам дека овие стандарди се поклопуваат во 99 отсто, рече Порошенко на прес конференција.
„Кога земјата ќе им одговара на тие критериуми? Сигурно тоа ќе биде направено во рамки на имплементацијата на Стратегијата – 2020, а во текот на следните пет-шест години народот на Украина ќе се определи за членството во НАТО“, рече Порошенко.
Според него, кога во 2010 година Украина го стекна вонблоковскиот статус, тоа била „стратешка и кардинална грешка“ на претходните власти, а со тоа се уништени сопствените Вооружени сили.
Врховната рада (Парламентот) на Украина на 23 декември го усвои предлог законот за откажување од вонблоковскиот статус, предложен од претседателот Порошенко.
Украинските медиуми потсетуваат дека позицијата на НАТО е Украина да има право на членство кога ќе изрази желба и ги исполни неопходните услови, а „вратата секогаш останува отворена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа