| четврток, 6 декември 2018 |

Деканот на УКЛО: професорите со трудови да ја докажуваат својата вредност

Илија ТодоровскиДржавниот испит ќе го зајакне квалитетот на студиите, а професорите со трудови треба да ја докажуваат својата вредност. Деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ (УКЛО), Илија Тодоровски го поддржува воведувањето на државен испит на факултетите.  Според него концептот ќе го зајaкне квалитетот на високото образование.

-Се утврдува она што е знаење во определен дел од нивното студирање значи може да го зајакне квалитетот на нивните знаења, како некој критериум за евалуација- додава додава Тодоровски, кој се надоврза околу научните трудови на професорите од универзитетите.

-Воопшто, треба да пишуваат трудови. Мора да имаат надворешна евалуација, меѓународни трудови во меѓународни списанија. И во тој контекст, врвот на сето тоа е и пишување на трудови со импакт фактор со кои ја докажуваат својата вредност. Професорите треба да пишуваат трудови со импакт фактор- истакна Тодоровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top