Во Донецк се одржа средба меѓу претставници на самопрогласената Донецка народна република (ДНР) и Министерството за одбрана на Украина, која заврши без конкретен договор. Воениот министер на сепаратистите Владимир Кононов ја напуштил зградата каде што се одржаа преговорите и одбил да одговори на новинарски прашања.
Од прес-службата на Министерството за одбрана на ДНР соопштија дека се разгледани три прашања: продолжување на Минските преговори, прекин на огнот и повлекување на техниката од линијата на поделба. Разгледана била и размената на заробеници.
Разговорите ќе продолжат во Луганск на 31 декември, каде што Контакт-групата со учество на претставници на двете сепаратистички републики уште еднаш ќе ги разгледа тие прашања, посочија од Министерството за одбрана на Донецката република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


