| четврток, 6 декември 2018 |

Перо повторно со Ружица: Тие се мојата магична тројка

1pero.jpg500

Нова фотографија на Перо и на Ружица на „Инстаграм“

Семејството на Перо Антиќ за празниците допатува во САД, каде што во тек е сезоната на НБА. Иако пред извесен период македонскиот кошаркарски репрезентативец потврди дека се разведува од сопругата, Ружица заедно со нивните синови Лука и Павел пристигнаа во Атланта, каде што прославија и осум години заедништво.

Антиќ неодамна изјави дека би се вратил да игра во Европа само поради семејството, кое му недостига, а за „Курир“ изјави дека токму неговите два сина Лука и Павел како и сопругата Ружица се неговата магична тројка.

2pero.jpg500

Конечно сè си е на свое место. Моментно мојата најголема поддршка е со мене. Павел и Лука веќе се поголеми и се редовни и гласни навивачи на натпреварите во НБА. Целото слободно време им го посветувам на синовите, кои премногу ми недостигааа. Следуваат големи празници, кои ќе ги поминам заедно со мојата магична тројка – изјави Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top