Директорот на Јувентус Бепе Марота изјави дека „старата дама“ оваа сезона сака да ја прекине лошата серија од 20 години без трофеј во Купот на Италија.
Јувентус последен пат купот го освои во 1995 година со победа против Парма од 3-0, па така оваа сезона за „црно-белите“ покрај одбрана на титулата во Серија А, Лигата на шампиони сега и освојувањето на Купот се главен приоритет.
– Наша задача е оваа сезона да го освоиме италијанскиот куп, бидејќи тоа е трофеј кој долго не сме го освоиле. Исто така, Јувентус мора да ја освои четвратата титула во низа во Серија А, како и да ја помине втората фаза од Лигата на шампиони – изјави Марота за „Газето дело Спорт“.
Јувентус на 15. јанурари игра против Верона во осминафиналето од Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


