| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 170.000 потписи против ПЕГИДА

555209_pegida-ap_f

Повеќе од 170.000 луѓе се потпишале на интернет петицијата против ПЕГИДА, Патриотскиот сојуз на Европјани против исламизација на западот кој во Дрезден, но и во други германски градови организира демонстрации против исламското влијание во земјата, објави во неделата таблоидот Билд.

Организатор на акцијата за собирање потписи на интернет е Карл Лемперт, чија цел е милион потписи против ПЕГИДА.

Германскиот министер за финансии Волганг Шојбле ПЕГИДА ја поврза со политичките грешки што се направени во државата и рече дека тоа што организацијата предупредува на преголем број странци укажува дека тоа се последици на социјален страв.

– Гледам дека многу луѓе имаат чувство дека се наоѓаат во институционално формулирана политика, рекол Шојбле и додал дека едно модерно отворено општество зависи од тоа дали луѓето имаат чувство за фер односи.

– Ако таа основна претпоставка за социјално заедништво се изгуби, тогаш целиот систем слабее, рекол Шојбле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top