| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Само во еден ден 77 актери, режисери и драматурзи добија решенија за вработување

Во театрите и други културни институции веќе се вработени 77 лица уметнички кадар од вкупно 120 вработување кои се планирани од Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

„Пред два месеца започнавме процедура за вработување на околу 120 актери, режисери и драматурзи во сите театри низ Република Македонија, како и вработувања во Македонската опера и балет, во Македонската филхармонија и во Танец. Оваа работа се одвива добро, а само во петокот беше завршена процедурата за 77 од овие 120 вработувања. Значи само во еден ден 77 луѓе ­ актери, режисери и драматурзи добија решенија за вработување кои што претходно биле или хонорарци или чекале некој проект за да заработат од него. Сега добија една сигурност, стабилност, трајно вработување што секако ќе ги охрабри и ќе им даде повеќе енергија, сила, креативност да се посветат на иметничката мисла, пишаниот збор или режирањето, глумата.., рече премиерот Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top