Кон средината на јануари ќе биде објавен огласот за пријавување за користење бесплатен туристички викенд за пензионери, најави денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.
Проектот, посочи премиерот, е дел од изборните ветувања и ќе се реализира во 2015 година, но доколку има интерес ќе продолжи и во иднина.
– Се работи за полн аранжман од петок навечер до недела, престој во некој од туристичките центри во македонија дали е тоа Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Берово и др. Така да пензионерите ќе можат да аплицираат и се надевам дека од проектот ќе бидат задоволни, изјави Груевски.
Со овој проект е предвидено да се опфатат околу 3.000 пензионери.
– Истовремено ќе биде објавен и конкурсот за бесплатно испраќање на бањи за 5.500 луѓе, истакна Груевски, потсетувајќи дека досега 27.500 пензионери ја искористиле услугата за бесплатно бањско лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Вонредна прогноза: Силна бура се движи кон Балканот
-
Следува уште еден споен неработен викенд – уште колку празници не чекаат?
-
Македонците ја „нападнаа“ Грција: Над 10.000 наши граѓани заминаа на викенд!