Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во бразилската држава Сао Паоло, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полицијата.
Во хеликоптерот патувало семејството на бизнисмен, кој во болница во Сао Паоло го пренесувал своето двегодишно дете, кое имало со висока температура. Семејството, кое божикните празници ги минувало во рисорт на океанското крајбрежје, го изнајмило хеликоптерот.
Од засега непознати причини пилотот ја загубил контролата врз управувањето со леталото, а машината се урнала на земјата само на пет километри од местото на полетувањето и веднаш се запалила.
Сите патници во хеликоптерот загинале. Полицијата отвори истрага за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун