Четирите висококатници ќе се издигаат на висина до 135 метри и ќе бидат највисоки во регионот. Со темели кои одат 24 метри под земја, од „Џевахир“ велат дека тоа ќе бидат најбезбедните згради во земјата, способни да издржат земјотрес до 10 степени. Висококатниците ќе имаат по 42 ката.
Со оваа динамика проектот, најавен за шест години, најверојатно, ќе биде изграден за половина од предвиденото време.
Комплексот, кој се гради на површина од 35.000 квадратни метри, ќе има повеќе од 1.350 стана и ќе понуди домување за околу 6.000 луѓе. Во него се гради трговски центар и паркинг-простор за 7.000 возила.
Инвестицијата вреди половина милијарда евра, што ја прави најголемата приватна инвестиција во Македонија.
Ова е приказ на проектот, како би требало да изгледа овој стамбен комплекс по изградбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)