| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот блокира 15. 000 автомобили во Савоа, во француските Алпи

Oколу 15.000 автомобили се блокирани на патиштата поради силните врнежи од снег, во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Властите на Савоа го активирале ургентниот план за згрижување на возачите на автомобили во 12 општини од департманот. Станува збор за училишта или спортски сали во Албертвил, Бург Сант ­Морис, Ла Бати, Ла Лашер, Еме Мутие, Мако ла Плањ Белентр, Шамбери, Екс­лес­ Бан, Сант ­Жан де Мориен и Сант ­Реми де Мориен.

Сообраќајот се одвива отежнато по споредни патишта во 19 департмани на северот и истокот од Франција, односно во должината на границата со Швајцарија, Германија, Луксембург и Белгија. Овие департмани се наоѓаат во пороколава фаза за метеоролошка опасност.

Париските аеродороми Орли и Роаси за да ја избегант епизодата на блокирање на полетувањата и слетувањата на авионите, новите станици за подговтување на авионите за полетувања ги опремија со доволни количества гликол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top