Професорите се главниот генератор на протестите кои се оддржуваат наводно против државниот избор. Професорите не протестираат поради државниот испит туку заради нивните услови. Тие не се согласуваат со новите услови кои се предложени, каде се заострени критериумите според кои од професорите се бара да имаат објавен труд во списанија со импакт фактор кои се меѓународно признати и прецизирани со закон.Нема да може да објавуваат после две години и истото да им биде признато, не е прифатливо објавување во меѓународни списанија од Врање, Крагуевац или Битола, како што може сега. Новиот услов предвидува објавување трудови во списанија кои што се меѓу 50 проценти од соодветната област во базата на WEB of Science.
Обрската професорите да се занимаваат со научна работа и да објавуваат трудови со импакт фактор вчера ја коментираше и поранешниот министер за образование, Никола Тодоров, според кого од ова зависи дали еден универзитет ќе биде поквалитетен или помалку квалитетен, односно еден од индикаторите по кои се оценува факултетот е бројот на објавени трудови со импакт фактор од професори на тој факултет.
-Професорите се научници, доктори на науки, тие имат обврска да се легитимираат пред нивните колеги. Со објавувањето на трудовите на импакт фактор, тој се легитимира пред неговиот колега во Данска, Швајцарија, Америка… професорот објавува труд и тој труд потоа е евалуиран, некој го цитира, некој го критикува. Може да го споменеме професорот Горазд Росоклија, се легитимирал човекот, објавил илјадници трудови, последниот труд што го објави излезе на насловна на Њујорк Тајмс. Го цитираат. Тој и таквите како него се правило во сите земји во светот. Не е добро што само тој е исклулок кај нас, тоа треба да го промениме. Како да дојдеме до квалитет ако не направиме промена. Ако си професор и предаваш ан студенти и ако сите студенти ти паднат на државен испит, дали си квалитетен професор? Државниот испит треба тоа да го анулира целосно, вели Тодоров.
Тоа е причината поради која масовно ги охрабруваат студентите да излезат, иако секој нареден протест е со помал успех. Професорите се обидуваат да создадат слика дека се борат за студентите да не полагаат државен испит, а всушност се борат за нивниот неквалитет да не дојде до израз.
Измените кои сеоднесуваат на објавувањето на трудот на професорите се направени во истиот закон за високо образование каде е вметнат и државниот испит. Битката се темели на личниот комодитет, страв, интерес, желба да продолжи времето на неработење меѓународно конкурентни трудови.
Статистиката вели дека во последните 6-7 години од страна на 6.000 македонски професори во меѓународно реномирани списанија се објавени само 4.000 трудови, додека во истиот период словенечките професори објавиле 50.000 трудови или едно 10 пати повеќе. Во 2013 година нашите професори објавиле само 300 труда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



