| четврток, 6 декември 2018 |

Кривопаланченец го претепал татка си

тепачка

Дваесет и тригодишниот Д.К. од Крива Паланка што го претепал својот татко  заработил кривична пријава за делото телесна повреда при семејно насилство, сопштија од полицијата во Крива Паланка.

Како што информираат од полицијата, на 28 минатиот месец во семејната куќа синот почнал расправија со својот татко С.К.(63), а во еден момент со дрвен предмет го удрил во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top