Овој заклучок е содржан во истражувањето кое прогнозира сè поголем број млади луѓе да учествуваат во препродажбата, па дури и во производството на дроги, особено на марихуана одгледувана во домашни услови за да заработат пари.
Се очекува економската криза да доведе до намалување на буџетите за политиката за борба против дрогата, особено за лекување и мерките за намалување на штетите.
Според Европскиот центар за набљудување на дрогите и наркоманите, новите психотропни супстанции се претвораат во сè поголем проблем.
Во 2011 година преку системот за рано предупредување на ЕУ првпат официјално е дадена информација за 49 нови психотропни супстанции. Тоа е најголемиот број супстанции за кои некогаш е известено во период од една година. Податоците покажуваат зголемување за 41 вид дрога во однос на бројот во 2010 година, како и за 24 во однос на 2009 година.
Додека употребата на „традиционалните дроги“, како кокаинот, хероинот и екстази, останува на исто ниво, пазарот се снабдува со нови психотропни супстанции, за чие производство се користат хемикалии, кои не се забранети со меѓународните правни норми. Тие дроги стануваат сè подостапни преку интернет и брзо се шират во многу земји во ЕУ, кои се соочуваат со тешкотии при спречувањето на нивната продажба. Во изминатите две години секоја недела се појавувал нов вид дрога.
Според истражувањето, пазарот на канабис, кој е најупотребуваната европска дрога, во 2010 година достигнал вредност меѓу седум и десет милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.