| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се знаат детали за несреќата во која загина Борис Трајковски

DOSIE-15-Trajkovski-Boris16-copy

Новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, денеска босанскиот истражител Омер Кулиќ им го предаде на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.

Кулиќ неделава им го предаде извештајот и на босанските власти.

Утре на прес-конференција Кулиќ ќе ги објави деталите од авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и неговиот тим. Несреќата се случи на 26 февруари 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top