| четврток, 6 декември 2018 |

Најубави Божикни подароци

­ Бебињата кои се родија на Божик во болниците во САД имаа посебно добродојде на овој свет. По раѓањето завиткани се во слатки празнични чорапчиња, а исто така, добија и рачно плетени капчиња.

Како што јави „Еј­Би­Си“, медицинските сестри од болницата Мегис Воман хоспитал во Медицинскиот центар на Универзитет во Питсбург, секоја година подаруваат стотина капчиња, а минуваат недели во подготовките на овој божикен настан.

Волонерии помагаа да се изработат божикните чорапи за бебињата. Овој обичај е инициран во калифорниската болница „Редлендс“ и тоа уште во 1930 година. Иако со годините престана неговата пракса, од 2005 година симпатичната идеа повторно заживеа и ги стопи срцата на многумина.

Медицинскиот центар Лонг Бич ја има истата традиција веќе половина век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top