| четврток, 6 декември 2018 |

Студ на стартот на Новата година

ECM1-120-2

По бранот врнежи што се очекуваат викендов, следува период на релативно суво и студено време. Kон крајот на викендов над Балканот ќе се спушти поларна воздушна маса која ќе придонесе за значителен пад на температурата. Во голем дел од Балканот се очекува температура под нормалната за тој дел од годината.

Оваа ситуација, според прогнозата на Метеопро,  нема да ја одмине ниту Македонија, но кај нас падот на температурата ќе биде поосетен од вторник, а особено од среда.

Во вторник минималаната температура низ земјава ќе се спушти под нулата и ќе биде во интервалот од -10°С до -3°С.

Денот, по метеоролошката терминологија, ќе биде мразен ден, односно ниту максималната температура нема де се искачи над 0°С. Низ котлините од земјава таа ќе биде во интервалот од -4°С до -1°С.

Среда, 31 декември, ни носи уште постудено утро. Минималната температура на воздухот во голем дел од земјава ќе има вредност околу -10°С. Преку ден максималната температура низ котлините ќе има вредност околу -5°С.

Новата година, в четврток, ја почнуваме со минимална вредност на температурата која ќе биде во интервалот од -9 до -13°С, додека дневниот максимум и натму останува околу вредноста -5°С!

Малку потопло, за разлика од останатите места во земјава, ќе биде во гевгелиско-дојранскиот регион, но, сепак, и таму температурата ќе биде под 0°С.

Трендот на ниски температури, најверојатно, ќе остане до Божик, но, сепак, оваа информација треба да се земе со резерва и да се има предвид дека до Божик има повеќе од 10 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top