Новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, претпладнево босанскиот истражител Омер Кулиќ му го предаде на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Во текот на денот тој ќе им биде предаден и на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.
Кулиќ неделава им го предаде извештајот и на босанските власти.
Авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски се случи на 26 февруари 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.