| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Македонија ќе биде тврд орев за сите репрезентации

На денешниот брифинг со новинарите македонската ракометна федерација ги сподели очекувањата за Светското првенство во Катар, кое почнува на 15 јануари идната година. Ова беше првата средба со новинарите за да ги споделат очекувањата, желбите и програмата за работа во подготвителниот период.
Репрезентацијата првиот собир го имаше во неделата, на 21 декмври, и од тогаш напорно се работи за подигнување на психофизичката состојба на репрезентативците, а в недела ќе се одигра и пријателски тренинг-натпревар со репрезентацијата на Израел.

RFM godisen press 2014  (4) (Custom)

На брифингот зборуваа претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов, капитенот Кире Лазаров, селекторот Ивица Обрван, директорот на репрезентацијата Никола Панчевски, како и главните спонзори.

– За нас Светското првенство е голем настан. Тоа е заокружување на успесите на оваа генерација. Целта е пласман на едно од местата што водат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Групата е тешка. Играме против квалитетни репрезентации. Имаме добра ждрешка за натаму и се надеваме на добри резултати. Репрезентативците мора да се вратат на старите патеки и спремни да го дочекаат Светското првенство. Работиме напорно двапати дневно во СЦ „Јане Сандански“ каде што ќе го одиграме и пријателскиот натпревар со Израел в недела. Со истиот противник ќе одиграме уште еден натпревар, кој ќе биде од затворен тип. Ќе тренираме до 30 декември кога ќе направиме пауза поради новогодишните празници. На 2 јануари продолжуваме со подготвките, а до пред патувањето во Катар ќе одиграме турнир во Нант, Франција, од каде што директно продолжуваме на Светското првенство. Таму ќе пристигнеме неколку дена порано за да ја осетиме атмосферата и салата во која ќе играме – изјави селекторот Ивица Обрван.

Капитенот на репрезентацијата, леворакиот бомбардер Кире Лазаров, верува во своите соиграчи, кои се желни за добар резултат на Светското првенство.

RFM godisen press 2014  (1) (Custom)

– Нѐ очекуваат тешки и напорни подготовки. По неуспехот во квалификациите за претходните Олимписки игри, сите потсвесно се подготуваа за ова Светско првенство кое исто така има кваификациски карактер за следната олимпијада. Се подготвуваме многу посветено и се надеваме дека ќе го оствариме резултатот кој сите го посакуваме. Ќе бидеме тврд орев за сите репрезентации, без разлика дали се од самиот светски врв или оние кои исто така ја гледаат шансата за пласман на Олимписките игри во Рио. Тоа е заокружување на целта на оваа генерација која одлично функционира во последните 5-6 години.

RFM godisen press 2014  (3) (Custom)

На крајот сите се согласија дека оваа репрезентација е зрела за голем историски успех и пласман на место кое води на Олимиските игри. Тоа ќе биде прв таков успех на репрезентација во екипен спорт која ќе учествува на најголемиот спорстки настан од нашава земја.

RFM godisen press 2014  (5) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top