| четврток, 6 декември 2018 |

Ин мемориам: Почина легендарниот ракометен ас Боро Чурлевски

По долго и тешко боледување рано утринава почина прославениот ракометен ас и поранешен репрезентативец на Македонија Боро Чурлевски.
Чурлевски беше еден од најдобрите ракометари на битолски Пелистер во неговата историја, а во својата богата кариера настапуваше и за Борец од Велес, Црвенка, Килкис, Тутунски комбинат и за црногорскиот Ловќен.
Тренерската кариера ја започна во матичниот клуб Пелистер, а смртта го затекна на тренерското место на прволигашот Прилеп.

boro curlevki

фото: шеталиште.ком.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top