| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирано село од џунгла нападнато од индијанци

Mashco-Piro tribeПеруанските власти одлучија да ги евакуираат сите жители на едно оддалечено село на североистокот во Перу, откако тие на неколкупати годинава биле нападнати од припадниците на едно индијанско племе.

Во последниот инцидент, околу 200 припадници на Машкопиро Индијанците, вооружени со копја и со стрели, упаднале во селото Монте Салвадор, во реонот близу до тромеѓето со Бразил и Боливија, барајќи и земајќи ја храната на селаните.

Во овој напад никој од жителите на селото не настрадал, но Индијанците ги убивале домашните животни на селаните и од нивните домови ги одземале домашните предмети изработени од метал.

Нападот бил извршен во време кого мнозинството од селаните не биле дома, а Индијанците го искристиле тоа за да земат се што им изгледало интересно.Потоа исчезнале без трага во блиската џунгла.

Ова бил трет ваков напад во оваа година, па властите во Перу одлучиле да организираат акција за извлекување на жителите на Монте Салвадор, за да се преселат во првиот поголем град во регионот.

Хуманитарните групи кои водат грижа за опстанокот на староседелците, наоѓаат оправдување за постапката на Индијанците.

Според хуманитарците, вината за инцидентите треба да се бара кај властите во Перу и нивниот однос кон земјата и територијата на која ова племе живее. Од властите се бара да го спречат давањето под концесија на земјиштето на кое живеат ова, а веријатно и некои други племиња кои немаат контакт со цивилизацијата, како и да ги спречат шверцерите на дрога да им ја одземаат територијата за своите криминални работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top