Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Перу во 1.29 часот по локално време, покажува извештај на официјалната интернет страница на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 280 километри јужно од главниот град Лима и на 57 километри југозападно од Сантјаго де Као, со длабочина од пет километри под земјината кора.
Нема податоци за настрадани или материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.