| четврток, 6 декември 2018 |

Запленет еден тон кокаин со ликот на Меси

mesi

Полицијата на Перу се најде во интересна и несекојдневна ситуација, откако запленија нешто помалку од еден ипол тон кокаин со брендот „Меси“ на секој од пакетите. Името на аргентинската ѕвезда често се користи кога се работи за нешто најдобро, па јужноамериканските дилери се досетија да го искористат неговото име за да докажат дека нивниот производ е најдобар.

Полицијата пронајде точно 1417 килограми кокаин со етикетата „Меси“, а се проценува на вредност од 85 милиони евра. Според информациите од полицијата, кокаинот бил подготвен за белгискиот пазар.

kokain mesi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top