| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската полиција спречи експлозија на автомобил-бомба во Приштина

Косовски полицајци спречиле обид за експлозија на автомобил-бомба во главниот град Приштина, пренесе БТА.

Возачот на автомобилот бил уапсен и е на распит, изјави полицискиот портпарол Баки Келани. Во синоќешната акција полицијата дејствувала по претходно дадена дојава. Возачот бил запрен, додека се насочувал кон реонот, каде што се наоѓаат повеќе западни амбасади, вклучувајќи ја и таа на САД.

Келани рече дека автомобилот имал српски регистарски ознаки, а возачот имал српски пасош, но не наведе од која националност е тој.

Властите предупредија за опасност од слични дејствија на исламски радикали откако десетици од нив беа уапсени порано оваа година под сомневање дека се борат во редовите на екстремистите во Сирија и во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top