| четврток, 6 декември 2018 |

Облека, подароци и вреќи за спиење за бездомниците

 grad-skopje1Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева – Пауновска денеска ќе го посетат Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица во Момин Поток.

На 45 корисници на пунктот ќе им доделат подароци со топла облека и вреќи за спиење.

Пунктот за бездомници функционира седум години и нуди услуги за лицата што немаат свој дом. Целта е да овозможи оваа категорија граѓани да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top