Ивица Коневски, актуелниот градоначалник на скопската општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, ги додели последните 150 решенија за еднократна парична помош на новородени деца за изминатата 2012 година. Досега повеќе од 650 новороденчиња од Аеродром добија парична помош откако е почнат овој проект на општината.
Целта на овој проект е да се помогне на секое семејство со новородено дете, како и да се зголеми наталитетот во Општина Аеродром. Затоа, Општина Аеродром продолжува со акцијата за доделување еднократна помош на секое семејство со новороденче во висина од 5.000 денари и оваа година.
На свеченото доделување на решенијата присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.