| четврток, 6 декември 2018 |

Критики за министерката за култура на Јамајка бидејќи објавила фотографија во бикини

jamajka ministrka za kultura

Министерката за култура и млади на Јамајка Лиза Хана последните денови е главна тема во оваа земја поради една фотографија на која е таа во бикини. Хана фотографијата ја објавила на својот профил на социјалната мрежа фејсбук.

Јавноста ја критикува бидејќи објавила фотографија на која таа е во костим за капење. Според многумина, таа не треба да објавува вакви фотографии бидејќи била јавна личност, но еден дел не сметаат дека таа направила нешто лошо. Напротив, сметаат дека Хана изгледа одлично и треба да ги покажува своите атрибути.

Инаку, Хана во 1993 година ја освоила титулата Мис на светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top