| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа министерка во костим за капење (видео)

Лиса Хана, министерката за млади и култура во Јамајка, предизвика бурни реакции во јавноста со фотографијата од плажа во костим за капење и маичка со ликот на Боб Марли. Згодната министерка, инаку поранешна mис на светот во 1993 година, ставила фотографија од одмор на своите прифили на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“. Многу конзервативни политичари ја критикуваа истакнувајќи дека фотографија во костим за капење и водена маичка со ликот на познатиот музичар не е прикладно издание за една министерка.

1685721-lisa-hana-foto-2
Сепак, многумина прискокаа во одбрана на Лиса објаснувајќи дека тоа е вообичаен начин на облекување на плажите и дека министерката од Јамајка воопшто не е неприкладно облечена.
Лиса Хана по изборот за мис на светот во 1993 година стана мошне активна во јавниот живот на Јамајка. Студиите ги заврши на Универзитетот на Западна Индија 2000 година, а седум години подоцна стана пратеник и од 2011 година e министерка за култура и млади.

Мошне е заинтересирана за политика и за спорт и е добар пријател со најбрзиот тркач од Јамајка, Јусеин Болд, кој ја повика да учествува во ледениот предизвик – акција позната за подигањето на свеста за Лугериоговата болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top