| четврток, 6 декември 2018 |

Министерка на велосипед сама отишла да се пораѓа

Министерката за женски прашања на Нов Зеланд, Џули Гентер, стана херој во целиот свет.

Не можела удобно да се смести во автомобилот за да се одвезе во болница на породување, па заминала со
велосипед. Министерката Џули Гентер во 42 недела од бременоста, осетила породилни болки, но кога видела дека во автомобилот нема да може удобно да вози, заминала во болница на велосипед. Министерката има 38 години и ова и е прво бебе.

Таа пред породувањето објави фотографии на Инстаграм заедно со својот партнер , како и на пат кон болницата со велосипед. Таа се породила во јавната градска болница во Окланд.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во јуни се породи во истата болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top