Германците 13 години по укинувањето на марките и нивната замена со еврото, во чорапи и во сламарици и натаму чуваат околу 13 милијарди марки, од кои 6,1 милијарди во банкноти, јавија денеска германските медиуми.
Тоа значи дека секој Германец има околу 160 марки, од кои не можел да се „раздели“, кажуваат пресметките.
Според анкетата, спроведена за Постбанк, најголемиот број Германци не можеле да се одвојат од марките од сентиментални причини и 74 отсто од нив изјавиле дека банкнотите ги чуваат како „делчиња сеќавања и заради чест“, 24 отсто од нив ги чуваат од вредносни причини, а 22 отсто велат дека, едноставно, старите монети на марката заборавиле да ги заменат за евра.
Германската Бундесбанк и натаму бесплатно и без ограничувања ги заменува старите пари за евра, пренесуваат германските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.