Бројот на жртвите од ебола достигна 7.573 лица, покажуваат новите податоци на Светската здравствена организација.
Досега се потврдени вкупно 19.463 заразени случаи. Најпогодена земја е Сиера Леоне со 9.004 потврдени случаи на зараза, додека во Либерија има најмногу смртни случаи (3.384).
Мисијата на ОН во Либерија продолжува со напорите да ѝ помогне на земјата да го спречи ширењето на смртоносната болест.
Според Питер Пиот, кој го откри вирусот на болеста, епидемијата веројатно ќе трае до крајот на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.