Англиските фудбалски клубови по традиција играат натпревари повеќе од вообичаеното за време на Божикните празници. Таквото темпо не е практика во другите лиги, па затоа фудбалерот на Манчестер Јунајтед знае дека тоа им е чудно на новите играчи во Премиерлигата.
– Верувам дека на новите фудбалери им е чудно што имаме повеќе натпревари за време на Божикните празници, отколку што тие се навикнати. Мораат да се навикнат на ваквиот распоред и да бидат подготвени за следните дуели, изјави Руни.
Тој се заблагодари на тренерот Луј ван Гал што на екипата и даде слободен ден за време на Божик.
– Најпосле и ние да не тренираме и на овој убав ден да бидеме со семејствата, рече Руни.
Манчестер Јунајтед веќе утре на „Боксинг деј“ се среќава со Њукасл на домашен терен, а по два дена (28 декември) ги очекува натпреварот со Тотенхем во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.