Аргентинецот во редовите на Манчестер Јунајтед Анхел Ди Марија го советува неговиот менаџер Луис Ван Гал за новите трасфер активности во текот на зимскиот преоден рок.
Според шпанските медиуми Ди Марија го советува Ван Гал во предониот рок што следи да го ангажира неговиот сонародник до Бенфика Николас Гаитан.
Овој 26-годишен фудбалер веќе некое време се поврзува со заминување од Португалија, и порано Манчестер Јунајтед се поврзуваше со трансфер на овој фудбалер, па сега во убедувањето на Ван Гал ќе биде вклучен и неговиот добар пријател.
По три години поминати во Бенфика, управата на клубот од Лисабон нема ништо против да го пушти Гаитан да напредува во кариерата и да заигра за поголем клуб, доколку за него пристигне соодветна понуда.
За Аргентинецот заинтересирана и Валенсија, па во следните неколку дека треба да се види дали Гаитан ќе ја промени средината или ќе остане во Бенфика бар до следниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.