Фернандо Торес се враќа дома. Атлетико Мадрид и Милан се договорија, Шпанецот се враќа дома по седум и пол години i повторно ќе го облече црвено-белиот дрес како позајмен играч.
Торес настапуваше за Милан во есенскиот дел од сезоната како позајмен играч од Челси. Позајмицата од Челси ја презеде Атлетико и се обврза да го задржи играчот до крајот на неговиот договор со лондонските „сини“.
Во обратен правец ќе се упати Италијанецот Алесио Черчи, кој направи трансфер во Атлетико Мадрид ова лето, но не успеа да се наметне кај тренерот Диего Симеоне.
Черчи беше поврзуван и со Милан ова лето, но до тој трансфер не дојде. Сега сите три клуба се задоволни од овој договор, како и двајцата играчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина