| четврток, 6 декември 2018 |

Мексикански Куеретаро попушти, Роналдињо треба да се јави на тренинг на 26 декември

Новиот клуб на бразилскиот виртуоз Роналдињо, Куеретаро од Мексико, за кого Бразилецот го одигра вториот дел од сезоната, му се закани дека ако не се појави на 8 декември односно на почетокот на подготовките за новата сезона, ќе го раскине договорот. Но, бидејќи се работи за еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња, управата попушти и го очекува Роналдињо веднаш по божикните празници, односно на 26 декември.
Веднаш по ваквата одлука тој на својот профил на „Инстаграм“ објави слика со своето семејство весел и насмеан како се подготвува за престојните празници.

ronaldinjo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top