„Игра на имитирање“ е драматичен приказ на животот и работата на еден од најнеобичните херои на Британија, Алан Туринг. Неверојатно вистинита, но сепак непознатата приказна за британскиот криптоаналитичар во 2011 година се проширила низ Холивуд како пожар, кога сценариото на Грејам Мур за филмот во кој пишува за животот на Тјуринг се најде на првото место на легендарната Црна листа на најдобри сценарија.
Во 1952 година, британските власти влегле во домот на математичарот, криптоаналитичар и воен ветеран Алан Туринг (Бенедикт Камбербач) за да го истражат пријавеното провалување. Наместо тоа тие го уапсиле Туринг обвинувајќи го за „голема неморалност“ која го довела до пресуда поради кривичен хомосексуален деликт – оние кои го обвиниле не знаеле дека го инкриминираат пионерот на модерната комјутеризација. На чело на различни групи на ученици, лингвисти, шаховски прваци и известувачи, тој е заслужен за разбивање на кодот на германската машина Енигма од Втората Светска Војна. Филмот е интензивен приказ на брилијантниот и сложен човек кој под голем притисок помогнал да се скрати траењето на војната и со тоа ги спаси животите на илјадници луѓе. Под режисерската палка на Мортен Тилдум, по сценарио на Грејам Мур, главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач, Кира Најтли, Метју Гуд, Рори Киниар, Ален Лич, Метју Беард, Чарлс Денс и Марк Стронг.
Теди Шварцмен, на чело на продуцентската и финансиска компанија Блек Беар Пикчрс, бил воодушевен од сценариото: „Не можев да престанам да читам, толку е богато и историски значајно. Интелигентно е напишано, со стилизирани дијалози, оригинална е и сложена приказна.“ Тој додава: „Ова е приказна која цел свет мора да ја дознае. Толку долго работеле на откривање на кодот, а тој едноставно се шетал во парк и успеал да го реши нерешливиот проблем. Прифатен е бидејќи е единствен и низ својата работа успеа да спаси безброј животи. Ова е приказна за човекот кој постигна нешто од ништо и кој влијаеше на иднината.“
Режисерот изјавува: „Пред да го добијам филмот си реков дека Бенедикт ќе ја добие улогата на Алан. Тој поседува мешавина на чувства и сила, а нема многу луѓе кои можат толку добро да го глумат овој генијалец.“ Мур опишува: „Кога ни се придружи Камбербач, тоа беше како да добивме на лотарија. Тој е присутен во секој кадар од филмот. Малку луѓе можат да го одглумат. Туринг е гениј и хомосексуалец кој се крие, а згора на тоа одлучен е да ја прекине Втората Светска Војна. Бенедикт нам не ни ја пренесува неговата интелигенција, туку ја втемелува.“
На репертоарот ќе се најдат уште два наслови.

Ви го претставуваме филмот „Французинки“ – најновата француска комедија и режисерскиот првенец на Одри Дана кој се истакнува со прекрасна женска актерска екипа која ги вклучува Изабела Аѓани, Ванеса Паради и Летиција Каста.
Првите 28 дена од пролетта. Единаесет жени. Париз! Во филмот се испреплетуваат необичните животни приказни на 11 парижанки во период од 28 дена, насочени околу животот на 28-годишната Исис која има четири деца. Мајки, жени, пријателки, деловни партнерки, мажени, слободни, сите претставуваат слика на денешната модерна жена. Неочекуван, експлозивен, дрзок и сложен! Едноставно, ЖЕНИ!

За најмладите, ни пристига авантурата на малиот зајак Јован во филмот „Некаде далеку“. Јохан е храбар и љубопитен мал зајак кој живее со татка си на брод. Одгледуваат зеленчук и Јохан има доволно простор за играње. Секој од чамецот тој праќа порака во шише до мајка си од која не добива одговор. Еден ден, додека татко му е појден во набавка, добива таинствен повик преку бродската радио станица. Јохан ја препознава својата можност да појде на местото каде што се наоѓа мајка му и да ја реши загатката. Додека сè повеќе учи за животот, доаѓа во судир со најмоќната сила во светот.

Македонската публика претпремиерно ќе може да го погледне последниот филм на Робин Вилијамс. Од 27 декември (сабота) на репертоарот ќе се најде филмот „Лудата ноќ во музејот: тајната на фараонот“!
Американската комедија „Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот” воодушевува со зачудувачките визуелни ефекти и оваа зима носи многу забава во домашните кина. Третото продолжение на приказната за музејскиот чувар Лери (Бен Стилер) го сочинуваат мноштво авантуристички пресврти и акции во кои актерите се обидуваат да ја спасат магијата пред таа да исчезне засекогаш.
Приказната е продолжение на филмот од 2009 година „Ноќ во музејот 2: Битката за Смитсонијан“, а првиот дел е снимен уште во 2006 година. Режисерот Шон Леви собра одлична актерска екипа – Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, Сер Бен Кингсли и многу други.
Во Американскиот природно-научен музеј доаѓа до страшни збрки и гужви. Ноќниот чувар Лери открива дека древната магична табла на фараонот Амон-Ра, благодарение на која неговите пријатели од музејот оживуваат, кородирала. Доколку не пронајде начин да ја поправи, сите ликови во музејот, почнувајќи од лавовите, мајмунот, слоновите, па сѐ до Кристофер Колумбо, минијатурниот каубој Џедедаја (Овен Вилсон) и неговиот подеднакво мал пријател генералот Октавијан (Стив Куган), ќе се вратат во нивната нежива состојба во која претставуваат само обични восочни фигури во музејот. Спојувајќи нови и веќе познати лица, Лери тргнува на пат во британската претстолнина со одговорна задача и мисија да ја сочува магијата пред да биде доцна.
Филмот поради специјалните ефекти се најде на списокот на американската Академија за филмска уметност и големи се шансите токму филмот на Леви да се најде меѓу петте номинирани филмови на 15 јануари следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


