На 29.12.2014 година (понеделник) со почеток во 12 часот, во кафе-книжарницата „Феникс“ во непосредна близина на Универзална сала ќе се одржи Предновогодишен авторски настап.
Тогаш свечено ќе биде отворена новата кафе-книжарница „Феникс“, а ќе настапат и повеќе поети, прозаисти, афористичари, хумористи и други литературни творци.
Притоа, ќе бидат претставени и најновите ликовни дела на писателот Христо Петрески, а ќе бидат соопштени и добитниците на Меѓународната награда „Ана Франк“, која ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


