| четврток, 6 декември 2018 |

Следете го во живо патувањето на Дедо Мраз (ВИДЕО)

Од Северниот пол Дедо Мраз тргна во средата на патот околу светот за во следните 24 часа на сите деца да им ги испорача подароците, објави Командниот штаб на северонаамериканската воздушна и вселенска одбрана (NORAD).
Во традицијата долга речиси шест децении NORAD со својата напредна технологија го следи движењето на Дедо Мраз и ја известува јавноста кога може да го очекува во некое место.

Американската противвоздушна одбрана е многу важна служба формирана во времето на блоковската Студена војна задолжена за заштита на САД и Канада и набљудување на можни воздушни напади и лансирање на нуклеарни проектили. Меѓутоа, како и секоја година од 1955-та наваму, нејзините моќни радари и сателити се користат и за следење на патот на Дедо Мраз.

И годинава ќе се повтори приказната како со обична забуна дошло од спојувањето на NORAD и Дедо Мраз. Традицијата започнала пред 59 година кога во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ ги повикале децата директно да му се јават на Дедо Мраз на телефонски број. Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и грешка. Наместо бројот од приватниот телефон на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана, претходникот на NORAD.

Во Командата ја сфатиле грешката, но ја прифатиле играта. „Созададена е една од најдобрите воени пиар кампањи во XX век. Во времето на Студената војна армијата веднаш ја прифати идејата дека Дедо Мраз е под заштита на американските сили“, вели Мет Новак, авторот на популарниот блог Paleofutureл која се занимава со историски идеи и визии.

Од тогаш илјадници волонтери се јавуваат од телефоните на NORAD во контролниот центар на Колорадо Спрингс и децата ги известуваат каде во тој момент се наоѓа Дедо Мраз.

Минатата година NORAD одговорил на повеќе од 117.000 телефонски повици. Патот на Дедо Мраз, исто така, може да се следи и преку социјалните мрежи Twitter и Facebook, како и преку електронска пошта. Специјалната интернет страница за оваа намена ја посетиле 19,5 милиони луѓе, а на Facebook имал 1,45 милиони „лајкови“. Децата најчесто прашуваат дали се на списокот на добрите или на лошите деца и што е потребно да се посвои еден од елените на Дедо Мраз.

А на прашањето како овој лик, кој освен новогодишниот дух и добрата волја кон човекот го симболизира сеприсутниот конзумеризам, успева да го обиколи целиот свет за само 24 часа, од NORAD одговараат едноставно – патува со брзина на светлината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top