| четврток, 6 декември 2018 |

Абортираа сите 7 седмооделенки кои забременија на екскурзија

Седумте ученички, на возраст од 13 и 14 години, коишто затруднеле во рамките на училишната екскурзија во Босна и Херцеговина, ја завршиле бременоста кај гинеколог.  Вестa за девојките, чиј идентитет се крие, а кои доаѓаат од еден мал провинциски град во Босна и Херцеговина, во јавноста ја објави гинекологот и координатор за здравје од Бања Лука, Ненад Бабиќ.

– Можете ли да замислите како родителите се чувствувале кога дознале дека нивната ќерка- дете е бремена? И тоа во мало село во кое тоа е срамно. Девојките одат таму и во училиште. Семејствата се обележани за цел живот – изјавил Бабиќ за босански „Билд“.

Од почит за ученичките и нивните семејства, Бабиќ не сакал веднаш да зборува за случајот, кој е поврзан со недостатокот на едукација на младите за сексуалното образование. Чекал некое време и приказна во јавноста ја објави половина година откако девојките направиле абортуси, кои биле неопходни за заштита на нивното здравје.

– Знаев како светот и јавноста ќе реагираат кога ќе слушнат за овој случај. Па, решив приказната да ја кажам на сите медиуми. Неопходно е да се подигне свеста и да се привлече внимание од недостигот од едукација на младите за својата сексуалност. Овие деца едноставно не се правилно информирани. Не ги воспитале ни нивните родители, ниту во училиште – вели Бабиќ.

Според него, девојките од абортусот и шокот добро се опоравиле и сите им помагаат веднаш да се вратат во нормален живот.

Тие останале бремени откако заминале на петдневна екскурзија и по одредено време било утврдено дека дури седум од затруднеле на екскурзијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top