| четврток, 6 декември 2018 |

Златната соба во куќата на Робевци доби 447 артефакти (галерија)

Во куќата на Робевци во Охрид, која е еден од најрепрезентативните примероци на старата градска охридска архитектура, сместени се највредните и најблескавите археолошки движни предмети  кои прикажуваат различни етапи од развјот на оваа област. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат целиот  цивилизацискиот континуитет на овие простори.

zlatna soba - Ohrid 02

Постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“ денеска ја промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека се работи за исклучително значаен проект за македонската култура, резултат на долгогодишните, интензивни и мошне посветени археолошки и научни истражувања на богатството на локалитетите во охридскиот регион.

zlatna soba - Ohrid 017

Присутните ги поздрави и градиначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

zlatna soba - Ohrid 013

Оваа музејска поставка претставува приказ на времето на големиот процут на античкиот Охрид, време во кое Лихнид ковал автономни монети со познатиот македонски штит. Во поставката се поместени неверојатно вредни артефакти, ексклузивни наоди, како златната маска и ракавица од локалитетот  Горна Порта, златната ромбоидна плочка, златниот колан со потекло од архајскиот период, потоа златната белегзија со животински протоми од 4 век пред нашата ера, златните обетки гулабици од 3-2 век пред нашата ера од Требенишкото кале,  повеќе златни обетки со лавовски и негроидни глави, златни ѓердани со полудраги камења, вреден нумизматички материјал од времето на Александар Трети Македонски и многу други артефакти кои се дел од македонската археолошка ризница.

zlatna soba - Ohrid 017

Сите експонати кои се дел од „Златната одаја“ се презентирани и стручно обработени во репрезентативен каталог, насловен „Златото на Лихнитида“, кој денеска го промовираше академик Вера Битракова-Грозданова.

zlatna soba - Ohrid 015

Авторите на каталогот, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман, на повеќе од 300 страници низ текст и фотографии, со аргументи и факти научно  ја овековечуваат историјата на вредните предмети.

zlatna soba - Ohrid 016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top