Започнува реконструкцијата на охридскиот музеј. Куќата на Робевци ќе добие комплетно нов изглед. Ќе биде саниран ентериерот, ќе бидат поставени нови изложбени поставки на сите три ката, oбјави „Канал 5“.
Во современи ветрини ќе има комплетно нова презентација и на етнолошката и на археолошката поставка.
-На третиот кат си остануват изложени резбаните предмети. Значи поставките ќе бидат обогатени со нови легенди со нови изложбени паноа така да до почетокот на летната сезона планираме цел тој простор да биде компленто завршен и надворешно и внатрешно така да гостите ќе имаат нова побогата понуда, вели Тања Паскали Бунташеска директор на Завод и музеј Охрид.
Во реновираниот музеј се очекува поголема посетеност од страна на туристите, особено на Златната соба, како највредна и најуникатна поставка во земјава.
Оние агенции со кои што имаме склучено договори редовно ги носат туристите и се посетува таа златна соба и навистина таа е едно највредно нешто шт го поседуваме не само како Охрид туку и како држава Се надевам дека сега откако ќе ги реновираме сите поставки ќе имаме поголема посетеност , додава Бунташеска.
Куќата на Робевци во Охрид е едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во зеемјава. Во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци, златната соба и вредни дела на охридската резбарска школа за адекватно чување и презентација на богатото културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.