Со воведувањето на државен испит во високото образование сакаме да овозможиме механизам за гарантирање на минималниот квалитет во високото образование, рече премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во вестите на „Канал 5“.
-Кога ќе се земе дипломата таа да не биде еквивалентна на парите туку на знаењето што е стекнато, тоа е основната и немаме никаква друга причина зошто ние би се довеле луѓе да ни протестираат, истакна Груевски.
Единствената работа која ќе се постигне со оваа реформа, како што рече Груевски е многу добронамерна, а тоа е идните генерации во Македонијада имаат повиско знаење, кога велам повисоко мислам на повисоко знаење од сегашните и претходните студенти а не од високо развиените замји, затоа што таму многу потешко се доаѓа до диплома рече Груевски.
Тој додаде дека државниот испит го има во повече земји и дека тој е значаен во тие земји кадешто има компромиси со знаењето, односно каде што уноверзитетите и професорите прават одредени компромиси.
-Ние се одлучивме да влеземе во една ваква опрација за којашто однапред знаевеме дека опозоцијата којашто е тотално изгубена ќе се налепи на сето ова и ќе сака да ја искористи целата ситуација. Однапред знаевеме дека соросовите организации дека нема да спијат, тиа за тоа земаат плата за се што можат да ја нападнат Владата, рече премиерот.
Тој истакна и дека неможе да го разбере протестирањето на некои студенти кои што студираат во моментот и знаат дека нема да полагаат државен испит, бидејќи, како што рече Груевски, сите досега запишани студенти не ги опфаќа државниот испит.
-Тоа значи дека имаат некои други мотиви, дали политичко-партиски мотиви, дали е тоа некоја младечка бунтовност па да се излезе на протест за што и да е, наивност или недоволна информираност, сите можни опции ги ставам на маса, но една не можам да ставам дека се борат тие да не полагаат државен испит, бидејќи тие и нема да полагаат, потенцираше премиерот Груевски.
Законот, како што рече тој, не предвидува сегашните студенти да полагаат државен испит.
Целото инервју, погледнете го во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)