| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден познатиот македонски бодибилдер Мирко (ФОТО)

Најпознатиот македонски бодибилдер Mирко Петровски порано заврши со тренинзите за оваа година и тоа не по негова желба, туку поради повреда која ќе го држи далеку од теретаната во следните неколку недели, објави порталот „Точка“.

Додека Петровски ги изведувал вежбите за гради, легнат на клупата за вежбање се обидел да подигне 210 килограми, но почуствувал силна болка. Брзата реакција на двајца мажи кои што се нашле во моментот покрај него, го спасила од посериозна повреда.

mirko-povreda-02

По спроведените медицински прегледи, заклучено е дека станува збор за повреда со неколку испукани мускулни влакна.

– За среќа, главниот граден мускул не ми е повреден. Бев на снимање и се е во ред. Ќе паузирам 3 до 4 недели, а потоа се враќам назад во теретаната и ќе продолжам со подготовките – изјавил Мирко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top