| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Гази Баба поради долгови

provala pistol
Вистинска драма поради наводни неплатени долгови се одвивала синоќа во парк- шумата во Гази Баба, јави агенцијата „Нетпрес“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа, околу 23 часот, во парк-шумата во скопската општина Гази Баба се одвивала драма поради неплатени долгови.
Прво почнала вербална расправија меѓу 20-годишниот Љ.Е. од Арачиново и седум години постариот В.А. од Скопје. Наводно, В.А. му должел пари на Љ.Е.
Додека се карале, В.А. извадил пиштол, а соговорникот почнал да бега. Бегајќи, Љ.Е. слушнал два истрели од огнено оружје, но не е повреден.
Случајот го пријавил во полиција, а по кратко време „алфите“ го фатиле В.А.
Скопската полиција го привела В.А. и направила увид на местото на несреќата, каде што е најден еден куршум.
Се работи на расчистување на случајот и поднесување кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top