
Црно момче на 18-годишна возраст е застрелано доцна синоќа од полиција на бензинска станица во предградие на Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури.
Инцидентот се случил во 23 часот по локално време на бензинска станица на „Мобил“ во Беркли, изјави полицискиот офицер Брајан Шелман.
Според Шелман полицаецот забележал двајца мажи во близина на бензиската станица и откако им се доближил, едниот од нив извадил пиштол и го вперил во полицаецот. – Исплашен за сопствениот живот, полицаецот испукал неколку куршуми, нанесувајќи му смртоносни повреди, истакна Шелман.
Отворена е истрага за инцидентот, а идентитетот на жртвата не откриен во интерес на истрагата.
Настанот е во момент кога регионот е зафатен од расни тензии откако во август годинава во Фергусон полицаец го застрела 18-годишниот Мајкл Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


