Владе Дивац беше специјален гостин на својот поранешен тим Лос Анџелес лејкерс на дуелот со Голден стејт вориорс, а со ефектниот кош од половина терен ја направи специјална атмосефарата во „Стејплс центарот“. Дивац во стилот на познатите удари за милион долари застана на средината, на центарот од игралиштето и упати прецизен удар со кој доби награда од 90 илјади долари наменети за хуманитарни цели.
Дивац беше член на легендарната постава на Лејкерс од 90-те години на минатиот век заедно со Меџик Џонсон, Бајрон Скот, Џејмс Ворти, Мајкл Купер…. кога во Ел-еј стаса ерата на популарниот „Шоутајм“.
Ноќеска центарот од Србија беше таличен за Лејкерс, екипа што и без главната звезда во тимот Коби Брајант го победи водечкиот клуб во НБА лигата Голден стејт со 115-105.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)