Пред точно две недели принцезата Шарлин од Монако на свет донесе близнаци, ќерката Габриел и синот Жак. Кнежевската палата во Монако ги објави првите фотографии од гордите родители, принцот Алберт (56) и принцезата Шарлин, со своите новороденчиња.
Кралската двојка со бебињата во прегратка позирале во болницата која го носи името на мајката на принцот Алберт, починатата принцеза од Монако, актерката Грејс Кели.
Во истата болница 36-годишната принцеза се породи со царски рез. Малата Габриела е минута постара од својот брат Жак. Сепак титулата на идниот принц од Монако ќе ја понесе Џејкс во склад со тамошниот закон.
Ова се нивните први семејни фотографии пред новогодишната елка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.